
Селекторот на македонската репрезетнација до 21 година, Благоја Милевски во Охрид со селекција на фудбалери до 21 година го реализира тренинг кампот заедно со репрезентацијата до 19 години која ја предводи Шкумбин Арслани. Двете селекции одиграа контролен натпревар, а Милевски ги споделува размислувањата во однос на реализираната програма.
„Го реализираме тоа што всушност го имаме во програмата за овој тренинг камп. Важно за нас е да имаме појасна слика пред сѐ за индивидуалниот потенцијал и квалитетот на фудбалерите. Токму затоа денеска имавме и тестирања за брзинските карактеристики на секој поединец. Првиот контролен натпревар ни даде слика за одредени работи, мислам дека извлековме доста позитивни работи, но мораме да имаме во предвид дека ова се фудбалери кои прв пат се заедно. Тренинзите и натпреварите се корисни и за нас, но и за селекцијата од 2002. година каде што има одлични фудбалери. Тоа е група на фудбалери кои исто така можат да ја зголемат конкуренцијата, но и генерација која има важни квалификации следната година. Мислам дека заеднички можеме да си помогнеме и да создадеме одредена база за блиска иднина“, изјави селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Евро-фудбал
Роналдо со новите два гола го надмина Лео Меси
