Connect with us

Димитар Митровски е меѓу петтемина кандидати за најдобар фудбалер во првенството на Хрватска

Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски се најде меѓу петмината кандидати за најдобар фудбалер во првенството на Хрватска. До крајот на возбудливата сезона остануваат само две кола, а борбата за титулата е сè уште отворена. Ријека води со 62 бодa, еден повеќе од Динамо, додека Хајдук со 57 бодa сè уште има шанси за шампионскиот трофеј.

Во пресрет на завршницата, објавени се номинациите за најдобар играч на сезоната – и тоа без присуство на ниту еден фудбалер од актуелниот шампион Динамо Загреб, што е вистинска реткост.

Главен фаворит за престижната награда е напаѓачот на Хајдук, Марко Ливаја, кој оваа сезона блеска со 18 погодоци и 9 асистенции. Дополнително, Ливаја веќе освои шест месечни награди – четири за играч на месецот и две за гол на месецот.

Во конкуренција е и Димитар Митровски. Еве ги останатите кандидати:

Тони Фрук (Ријека): 9 гола и 9 асистенции – клучен креативец на лидерот во лигата.

Ален Гргиќ (Славен Белупо): стабилен учинок со 7 гола и 7 асистенции.

Роберт Мудражија (Локомотива): втор најдобар стрелец во лигата со 14 гола.

Димитар Митровски (Вараждин): најдобар стрелец на својот тим со 7 гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови