
Фудбалерите на Шкендија со вчерашниот триумф над Работнички (2-1) пред својата публика во Тетово, ја осигураа титулата шампион во Првата македонска фудбалска лигa – петта во историјата на клубот.
Тимот на Јетон Беќири ја демонстрираше најголемата константност низ сезоната, а успехот доаѓа по четиригодишна пауза од последната титула. Со ова, Шкендија ќе го претставува македонскиот фудбал во квалификациите за Лигата на шампионите ова лето.
„Навистина сум пресреќен, со некое олеснување по тешките денови и натпревари сезонава. Не беше лесно, но се исплатеше борбата и стресот – крунисани сме со успех“, изјави тренерот Јетон Беќири, кој за првпат во кариерата освојува титула како главен стратег.
„Се надевам дека Шкендија нема повторно да чека четири години за нова шампионска круна, туку ќе доминира и во иднина“, дополни шефот на стручниот штаб на Шкендија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski