Фудбалерите на Кожуф продолжуваат со одличните игри во подготвителниот период триумфирајќи и на шестиот контролен натпревар зимава овој пат против екипата на Плачковица со 1-0.
Творец на триумфот на гевгеличани повторно беше младиот Скендери кој потврдува дека го очекува одлична пролет доколку продолжи во овој стил. По трите погодоци против Вардар Неготино, сега стрелаше и за минимален но сосема заслужен триумф на Кожуф против Плачковица.
Досега Кожуф на шест дуели забележа три победи (Детонит јуниор, Вардар Неготино и Плачковица) еден нерешен (Кит Го) и два порази (од прволигашите Победа и Македонија ЃП).
Генералката пред продолжението на првенството во Втората лига – Исток, Кожуф ќе ја има на 2. март на Градскиот стадион во Гевгелија против екипата на Вардар од Неготино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













