
Македонскиот репрезентатривец Езгјан Алиоски ги дочека своите „пет минути“ во Ал-Ахли и со тимот се пласира во финалето на азиската Лига на шампиони. Иако не игра во првенството на Саудиска Арабија, тој е регистриран за настап во азиската ЛШ и денеска беше стартер во триумфот над Ал-Хилал (1-3).
Роберто Фирмино во деветтата минута и Иван Тони во 28.минута беа стрелци на головите за Ал-Ахли, а за Ал-Хилал стрелаше Ал Давсари во 42.минута.
Калиду Кулибали во 59.минута доби црвен картон во тимот на Ал-Хилал, па тоа дополнително ја олесни работата за составот на Езгјан Алиоски. Во финишот Ал Бураикан го потврди триумфот, а претходно Франк Кеси не реализира пенал.
Во второто полуфинале утре играат Ал-Наср и Кавасаки. Тимот на Кристијано Роналдо е голем фаворит.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal