Connect with us

Анчелоти: Ќе и дадеме два гола на Барселона, а ако се одбраниме, ќе го освоиме трофејот!

Реал Мадрид и Барселона вечерва од 22 часот ќе се соочат во натпреварот за трофејот во Купот на кралот. Средбата ќе се одигра во Севилја и ќе биде 260-ти официјален дуел меѓу овие две екипи, прв во финале на Купот на кралот уште од 2014 година, кога Реал славеше со 2-1 и стигна до титулата.

Ова би можела да биде последна шанса за Реал да освои трофеј оваа сезона, бидејќи веќе се елиминирани од Лигата на шампионите, а во Ла Лига заостануваат четири бода зад Барселона на пет кола пред крајот.
Свесен за тоа е и Карло Анчелоти, кој би можел да ја напушти клупата на Реал доколку остане без трофеј.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Италијанецот одржал мотивациски говор пред своите играчи во пресрет на финалето, обраќајќи им се со следните зборови:
„Сигурен сум дека ќе дадеме два гола, но мора да се браниме толку добро што тие ќе постигнат еден или ниту еден гол. Ако го направиме тоа, ќе победиме – а јас знам дека можеме!“, им порачал Анчелоти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови