
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, се надева дека Букајо Сака ќе биде подготвен за полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен, кои ќе се играат на 29 април и 7 мај. Англискиот репрезентативец беше заменет во 57. минута од натпреварот против Ипсвич, а на неговиот зглоб беше ставен мраз поради груб старт од страна на Лејф Дејвис во текот на првото полувреме на „Портман Роуд“.
„Не мислам дека беше намерно, но стартот беше навистина опасен. Кога ногата е на земја, а тежината на телото е врз неа, може да дојде до навистина сериозна повреда. Прекршокот беше од зад грб, па тој не можеше да реагира. Имаше мали проблеми со зглобот, но се надевам дека не е ништо сериозно“, изјави Артета пред медиумите.
Шпанскиот стратег беше задоволен од изведбата на „топчиите“ против Ипсвич, кој се наоѓа блиску до испаѓање од елитата.
„Навистина сме среќни. Првите 35 минути беа едни од најдобрите што сме ги одиграле оваа сезона. Апсолутно доминиравме, беше позитивно попладне. Направивме и неколку ротации“, додаде Артета.
Претходно оваа недела, лондонскиот клуб го елиминираше 15-кратниот европски првак Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Арсенал повеќе нема шанси за титулата во Премиер – лигата, бидејќи заостанува 13 поени зад лидерот Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
