
Шкупи го доживеа деветтиот пораз оваа сезона, откако во рамките на 28. коло од Првата македонска фудбалска лига, на домашен терен загуби од Силекс со 1-2. Чаирчани поведоа преку Ансах, но кратовчани во второто полувреме направија целосен пресврт и ги однесоа трите бода.
Најмногу контроверзии предизвика израмнувачкиот гол на Марко Ѓорѓиевски за Силекс, кој, според видеоснимките и реакциите од трибините, беше постигнат од офсајд позиција. Сепак, сигнал од линискиот судија изостана, па погодокот беше признат – што предизвика жестока реакција од страна на Шкупи.
По натпреварот, клубот објави официјално соопштение, во кое ја изрази својата фрустрација и незадоволство од судиската одлука:
„Како нова управа на Шкупи, досега постојано дејствувавме трпеливо и одговорно, секогаш во духот на фер-плејот. Не реагиравме дури ни кога се чувствувавме оштетени. Но, ситуацијата на овој натпревар е навистина сериозна и недозволива. Голот на Силекс за 1-1 дојде по асистенција од страна на помошниот судија – тоа не може да се нарече случајна грешка.“
Клубот побара итна реакција од Фудбалската федерација на Македонија и од Судиската комисија, апелирајќи за отчетност и сериозност при донесувањето судиски одлуки кои, како што наведуваат, директно влијаат врз резултатите и регуларноста на натпреварите.
Со оваа победа, Силекс останува во трката за титулата, зад лидерот Шкендија со само четири бодови негатива. Шкупи, пак, останува на шестата позиција со 33 освоени бодови, сигурен во средината на табелата, но далеку од европските амбиции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski