
Работнички и Струга ТЛ го одиграа дербито на колото на Националната арена, а славеа гостите со 0-1. Хоган Укпа беше стрелец на победничкиот гол во 54.минута откако со удар со глава ја затресе мрежата на Игор Алексовски.
Вардар беше домаќин против Тиквеш на теренот на ФФМ и рeмизираше 2-2. Заврши позитивната серија на вардарци. Берат Садик во 41.минута донесе водство за Тиквеш, а израмни Горан Закариќ во последните мигови на првиот дел. Тиквеш постигна нов гол во 53.минута преку Мишов, но Вардар во судиското продолжение израмни на 2-2 со голот на Фаустин Сенгор.

Шкендија оствари очекуван триумф против Воска со 4-0. Фитон Адеми обезбеди водство во 32.минута, а шест минути подоцна Фабрис Тамба зголеми на 2-0. Во вториот дел тетовци погодија уште двапати преку Бесарт Ибраими и Лорик Каба.
Силекс во Кратово играше против Беса и победи убедливо со 5-0. Алиќ ја отвори серијата во втората минута, Додев зголеми на 2-0, а Марко Ѓорѓиевски од пенал постигна трет гол за Силекс. Во вториот дел уште два гола на Марко Ѓорѓиевски за хет-трик и убедлив триумф на Силекс.
Гостивар славеше против Шкупи со 3-1. Демир Имери во петтата минута донесе предност за Шкупи, но израмни Дарко Глишиќ пет минути подоцна. Гостивар направи пресврт со голот на Ервин Ли во 67.минута, а во финишот постигна и трет гол преку Ринор Ајдини.
Пелистер во Битола ја пречека Брера и загуби со 1-2. Мартин Ѓорѓиевски во 38.минута донесе водство за Брера, а гостите постигнаа и втор гол за триумф во 70.минута. Пелистер погоди во финишот за 1-2.
ПРВА ЛИГА, 27.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
Работнички – Струга ТЛ 0-1
Пелистер – Брера 1-2
Вардар – Тиквеш 2-2
Шкендија – Воска 4-0
Силекс – Беса 5-0
Гостивар – Шкупи 3-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
Комити со кореографија за Кочани (ВИДЕО)
