Никола Кузманов поднесе оставка на функцијата спортски директор во ФК Кит Го.
Кузманов е еден од основачите на Кит Го, спортски работник и тренер кој има сериозна заслуга за досегашните успеси на клубот.
„Се повлекувам од функцијата спортски директор на ФК Кит Го од Пехчево. Можам да кажам дека имав одлична соработка со сите во клубот, минав убави мигови во клубот од Пехчево. На екипата и на сите во клубот им посакувам успех во иднина“ – вели Кузманов.
Како што е познато, Никола Кузманов се повлекува од функцијата во клубот паралелно и со заминувањето на досегашниот шеф на стручниот штаб, Трајче Сенев. Нов тренер на Кит Го од денеска е поранешниот селектор на младата репрезентација на Македонија, Добринко Илиевски – Пижон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рома сака да го врати Мохамед Салах во Серија А













