Поранешниот селектор на младата репрезентација на Македонија, Добринко Илиевски со реми и победа стартуваше на клупата на амбициозниот второлигаш од Пехчево, Кит Го. Популарниот Пижон вели дека едноставно не се одбива понудата од клуб кој ги има едни од најдобрите услови за работа воопшто во Македонија, но и клуб кој е со сериозни планови, не од денес за утре, но за долги патеки во македонскиот фудбал.
„Дојдов во клуб чиј сопственик Кирил Гогов е амбициозен и максимално сериозен во намерата да создаде клуб за респект. Условите што ги нуди Кит Го за работа ги има ретко кој клуб во Македонија. Размислувањата ни се поклопуваат во однос на иднината на клубот, да се создаде тим за долги патеки кој би бил составен од млади фудбалери но и од проверени професионалци кои ќе имаат мотив за нови докажувања“ – вели Илиевски.
Кит Го во последното коло стигна до убедлива победа против Каменица Саса…
„И натпреварот против Саса покажа дека во клубот има навистина талентирани фудбалери со кои може да се победува, но и простор за нивно дополнително напредување со секојдневна работа на тренинзите, што е наша примарна цел“ – дополнува Илиевски.
Пехчевци во следното, 20. коло, од Втората лига – Исток, Кит Го повторно на домашен терен го пречекува тимот на Детонит јуниор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рома сака да го врати Мохамед Салах во Серија А













