Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, потврди дека повредата која ја доби Џамал Мусијала при победата над Аугсбург (1-3) ќе го исклучи од првиот натпревар против Интер во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
„Имаме повредени играчи и секој фудбалер ни е важен. Џамал почувствува непријатност во бутниот мускул, така што ќе треба да почекаме и да видиме што ќе покажат испитувањата. Важно е како тим да се чувствуваме самоуверени дека ќе се справиме со ситуацијата. Не сакам да се жалам. Ќе направиме соодветни анализи и ќе го избереме составот за натпреварот против Интер. Се надевам дека кога Мусијала ќе се врати, веќе ќе имаме добиено неколку натпревари во негово отсуство“, изјави Компани.
Баерн направи уште еден чекор кон титулата, но доби нов тежок удар пред клучната недела.
„Знаевме дека против Аугсбург ќе биде тешко. Останавме смирени по примен гол и заслужено победивме. Томас Милер може да биде корисен во секоја тактичка формација. Нашите цели се да победиме на секое натпреварување во кое учествуваме“, додаде тренерот на Баерн.
Баварците се на врвот на Бундес-лигата со предност од 9 бода пред Баер Леверкузен, а Мусијала постигна еден од головите и сега има 45 погодоци во германската елита. Пред да наполнат 23 години, само Герд Милер (79) и Ули Хенес (59) имаат постигнато повеќе голови за Баерн.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













