
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, со смиреност ја прифати елиминацијата од Барселона во полуфиналето на Кралскиот куп на Шпанија. Со ова, „јорганџиите“ загубија уште една можност за трофеј оваа сезона, а нивната единствена надеж останува Ла Лига.
Сепак, аргентинскиот стратег порача дека тимот мора да ја прифати реалноста и да продолжи да се бори.
„Во првото полувреме не одигравме добро, но не беше ни толку лошо за да се извиниме. Во фудбалот има моменти кога противникот е подобар. Во второто полувреме игравме одлично и дури можевме да израмниме. Не може да се очекува да ја контролираме целата игра против тим како Барселона. Мора да ја прифатиме реалноста и да се бориме понатаму“, изјави Симеоне.
„Се боревме добро во сите натпреварувања, па сега мора да продолжиме во истиот ритам. Фокусот сега ни е целосно на Ла Лига, од петок почнуваме со подготовките за натпреварот против Севилја. Немам сомнеж дека Атлетико е во подем. Донесовме одлични фудбалери кои се покажуваат во вистинско светло, а се боревме силно во Лигата на шампионите, Ла Лига и Купот на Кралот. Тоа е факт што никој не може да го оспори“, додаде Аргентинецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
