
Галатасарај не чекаше долго да одговори на провокацијата на Жозе Мурињо, кој синоќа предизвика нов скандал во турскиот фудбал, зграпчувајќи го за нос тренерот на клубот, Окан Бурук. Португалецот, кој го предводи Фенербахче, беше бесен по поразот на неговиот тим со 1-2 во дербито со „Џим Бом“, одиграно во рамките на четвртфиналето од Купот на Турција.
Галатасарај одговори преку социјалните мрежи, објавувајќи сатирична анимација на сметка на Мурињо. Во видеото, тренерот е исмеан како постојано се жали, а на крајот од анимацијата се прикажува како се наоѓа во психијатриска болница.
За своето однесување кон Окан Бурук, Специјалниот доби директен црвен картон и се очекува да се соочи со сериозна казна.
Galatasaray delirtir. pic.twitter.com/8EzHuxgq4e
— Galatasaray SK (@GalatasaraySK) April 2, 2025

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
