Ливерпул го победи Евертон со 1-0 на „Енфилд“ во Мерсисајд дербито и цврсто чекори кон шампионската титула во Англија. „Црвените“ имаат 12 бода предност пред Арсенал на осум кола до крајот на шампионатот.
Диого Жота беше херојот на Ливерпул. Тој успеа да погоди во 57.минута, што беше доволно за тимот на Арне Слот да забележи значаен триумф.
Манчестер Сити повторно влезе во победнички ритам во Премиер – лигата, славејќи со 2-0 против Лестер на „Итихад“. Англискиот шампион, кој веќе ги загуби шансите за одбрана на титулата, уште во првото полувреме го реши натпреварот. Џек Грилиш погоди во втората минута, а зимското засилување Омар Мармуш во 29. минута го постави конечниот резултат.
Њукасл продолжува со одлични настапи по освојувањето на Лига Купот на Англија. „Чавките“ на „Сент Џејмс Парк“ го совладаа Брентфорд со 2-1. Исак и Тонали беа стрелци за домаќините, додека почесниот погодок за гостите го постигна Мбеумо.
Астон Вила обезбеди големи три бода со убедлива победа од 0-3 против Брајтон на „Амекс“. Головите за тимот на Унаи Емери ги постигнаа зимските засилувања, Маркус Рашфорд, Дониел Мален и Марко Асенсио.
Во битката за опстанок, Ипсвич приреди изненадување и славеше со 1-2 на гостувањето кај Борнмут, додека Саутемптон во финишот го испушти водството против Кристал Палас и освои само еден бод (1-1).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП













