Барселона ѝ се реваншира на Осасуна со убедлива победа од 3-0 на „Монжуик“ во рамки на 27. коло од Ла Лига. Со оваа победа, каталонците се искачија на врвот на табелата, оставајќи го Реал Мадрид три бода зад себе.
Домаќините ја завршија работата уште во првото полувреме. Во 11. минута, Феран Торес погоди по асистенција на Алехандро Балде, а десет минути подоцна Дани Олмо беше прецизен од белата точка за 2-0, од втор обид, откако беше вратено изведување на пеналот.
Во второто полувреме, резултатот остана ист сè до 77. минута, кога Роберт Левандовски влезе од клупата и ја искористи првата шанса за да го постави конечниот резултат од 3-0.
Осасуна продолжува со слабите резултати, но останува на безбедна оддалеченост од зоната за испаѓање.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













