
ФК Вардар објави дека билетите за хуманитарниот натпревар против Црвена Звезда, кој ќе се одигра на 16 април на арената „Тодор Проески“, ќе бидат достапни по пристапни цени од 100 и 200 денари.
Билетите за Северната и Јужната трибина ќе чинат 200 денари, додека оние за Исток и Запад ќе бидат по 100 денари.
Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски, истакна дека сите присутни на стадионот ќе треба да купат билет, а собраните средства ќе бидат наменети за помош на настраданите во трагедијата во Кочани. Единствен исклучок ќе бидат учениците од основните училишта во Кочани, кои ќе можат да влезат бесплатно доколку дојдат организирано.
„Само за децата од основните училишта во Кочани влезот ќе биде бесплатен доколку дојдат организирано. Сите останати ќе платат, вклучувајќи ме и мене, претседателот на ФФМ и секој добронамерен човек што ќе дојде на натпреварот“, изјави Неделковски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
