
Поранешниот македонски репрезентативец Горан Попов викендов учествуваше на ревијален натпревар во чест на својот поранешен клуб Херенвен. Холандскиот тим го организираше овој меч по повод 30-годишнината од изградбата на стадионот „Абе Ленстра“, каде што настапува.
Попов настапи во специјален дрес со број три, носејќи го името на Андреј Лазаров, кој трагично го загуби животот во пожарот во Кочани. Натпреварот го одигра заедно со своите поранешни соиграчи со кои го освои Купот на Холандија, како и со фудбалски легенди како Руд ван Нистелрој, Даниел Прањиќ и Миралем Сулејмани.
На предната страна на неговиот дрес беше испишан натписот „Кочани 16.03.2025“, во знак на почит кон настраданите во трагедијата.
Попов беше дел од Херенвен од 2008 до 2010 година, а најголемиот успех на клубот во тој период беше освојувањето на Купот на Холандија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Женски фудбал
Фаворитите славеа во воведното коло од Прва ЖФЛ

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
