Тиквеш гостува на Брегалница во Штип во денешното, 24. коло, од Втората лига – Исток. Повеќе од интересен дуел на Истокот кој дефинитивно може да пресуди околу водечките две позиции на табелата.
За Брегалница овој дуел значи можеби последна шанса да се вклучи во трката за второто место кое Тиквеш досега извонредно го чува. Кавадарчани со позитивен резултат од Штип се надеваат и на кикс на водечкиот Борец во Пехчево како би се приклучиле и во битката за првата позиција.
Стратегот на Тиквеш, Љупчо Димитковски верува дека неговиот тим може да се врати од Штип со позитивен резултат.
„За Тиквеш нема лесни или тешки натпревари во ова првенство. За нас сите се важни и на секоја средба и приоѓаме со максимално внимание и респект за противникот, но исто така и без психолошки притисок.З а нас е важно да прикажеме квалитетната игра и на денешниот дуел во Штип од каде верувам дека ќе се вратиме непоразени“ – вели Димитковски.
Слично е размислувањето и на капитенот Ѓорѓи Мојсов…
„Во тимот сите сме важни, не само јас. Постигнав гол претходното коло, да, ама за да се дадат важни голови, треба и со некого да играш а во Тиквеш има повеќе од одлични поединци. Верувам дека од Штип ке се вратиме непоразени“ – вели Мојсов.
Кавадарчани во Штип ќе имаат поддршка и од својата верна навивачка група „Лозари Исток“.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК, 24. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Кожуф – Детонит јуниор
Каменица Саса – Плачковица
Вардар Неготино – Партизан Обршани
Кит Го – Борец
Брегалница – Тиквеш
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski