
Трагична вест од Шкупи. Македонскиот прволигаш објави дека фудбалерот Андреј Лазаров го загубил животот во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. Иако пред само два часа клубот објави охрабрувачки вести, за жал, Лазаров е една од жртвите во огромната трагедија.
„Иако претходно имавме информации од неговото семејство дека е во стабилна состојба, со длабока болка и огромна тага ја споделуваме веста дека нашиот фудбалер, Андреј Лазаров, е потврден како една од жртвите во трагичниот пожар што се случи во текот на ноќта во Кочани.
Како херојска душа што беше, Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент.
Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце.
Ова е огромна загуба за нашиот клуб, за неговите соиграчи и за целата фудбалска заедница. Зборовите се мали за да ја опишат болката што ја чувствуваме во овие моменти, во оваа трагедија – една од најголемите во која е погодена нашиот клуб во неговата историја.
ФК Шкупи изразува најискрено сочувство до неговото семејство, неговите блиски и целото големо семејство на нашиот клуб.
Андреј беше дел од Шкупи само шест месеци, но неговото име засекогаш ќе остане неизбришлив дел од нашиот тим.
Споменот за него ќе живее вечно во нашите срца“, објави ФК Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Астон Вила заинтересирана за Николас Џексон

Прва лига
Донгмо прави трансфер во Романија

Евро-фудбал
Наполи се вклучи во трката за Расмус Хојлунд

Интернационалци
Јован Манев потпишува за Нови Пазар

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
