
Македонскиот репрезентативец Исник Алими е подготвен да го издржи долгиот пат од Кина за да му се приклучи на националниот тим во пресрет на квалификациите за Светското првенство 2026.
Фудбалерот на Далиан ќе патува повеќе од 30 часа за да пристигне на собирот на „жолто-црвените“, закажан за понеделник. Македонија на 22 март гостува кај Лихтенштајн, а три дена подоцна ќе го пречека Велс на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Алими, кој беше еден од најдобрите играчи во последното издание на Лигата на нации и значајно засилување за средниот ред на селекцијата на Благоја Милевски, со нетрпение го очекува новиот предизвик и ветува максимална посветеност.
„Благодарам за поддршката. Ме чека долг пат, можеби повеќе од 30 часа лет, но јас ќе бидам таму и ќе го дадам максимумот за Македонија на натпреварите против Лихтенштајн и Велс“, напиша Алими на социјалните мрежи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
