
Репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 17. март до 26. март ќе учествува на квалификациски турнир во Шкотска за пласман на Европско првенство.
Нашата репрезентација е во група со селекциите на Шкотска, Романија и Лихтенштајн. Турнирот го отвораме на 19. март во натпревар против Шкотска во 16:30 часот.
Во второто коло, во истиот термин ќе играме против Лихтенштајн, а кругот го затвораме против селекцијата на Романија.
Сите натпревари ќе бидат одиграни на стадионот Broadwood, Cumbernauld.
Селекторот на Македонија до 17 години, Димитар Капинковски за квалификациските натпревари ги повика следниве фудбалери:
Голмани:
Антониј Трпчевски – Работнички
Александар Трајков – А.П. Брера
Дарко Јовчев – Македонија Ѓ.П.
Одбрана:
Албан Рочи – А.П. Брера
Андреј Димовски – А.П. Брера,
Стефан Стаматоски – Вардар
Мартин Џангаровски – Македонија Ѓ.П.
Стефан Секирски – Беласица
Мухамед Мустафи – Ст. Гален (Швајцарија)
Матео Кесиќ – Бродарац (Србија)
Кристијан Маркоски – Келн (Германија)
Среден ред:
Иван Танчев – А.П. Брера
Давид Ангелевски – Пелистер
Лорент Жаку – Воска Спорт
Ненад Дамјановски – Домжале (Словенија)
Христијан Јевтовски – Вардар
Напад:
Иво Марковски – Вардар
Дитмир Хоџа – Воска Спорт
Флорент Османи – Шкендија
Стефан Бранковски – Марибор (Словенија)
Дамјан Буцевски – ИМТ (Србија)
Поради повреда, на овие квалификации на селекторот нема да му бидат на располагање Александар Грашевски, Бленди Ганиу и Ристе Стоилов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана
