
Фудбалерите на Реал Мадрид со многу труд успеаја да извојуваат победа на домашен терен против Рајо Валјекано во натпревар од 27. коло на шпанската Ла Лига.
Домаќините поведоа во 30. минута со гол на Килијан Мбапе, а само четири минути подоцна Винисиус Жуниор го зголеми водството на 2-0. Сепак, гостите не се предадоа и во судиското надополнување на првиот дел, Алваро Гарсија Диаз намали на 2-1.
Во второто полувреме, „кралевите“ успеаја да ја одржат предноста и да го приведат мечот до крај, освојувајќи важни три бода. Сега Реал Мадрид има идентичен број бодови (57) како и Барселона, која има еден одигран натпревар помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
