
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, во интервју за МТВ, кое делумно е споделено и неговиот официјален фејсбук профил, откри дека УЕФА доставиле допис со имиња на одредени личности, клубови и натпревари, со основано сомневање за сомнителни дејствија.
„Имаме добиено допис од одделот за интегритет на УЕФА во кој се посочени одредени личности, со име и презиме, за кои што постои сомнение, што не значи дека е тоа така, но се посочени дека на одредени натпревари имаат преземено дејствија кои се сомнителни.
Во соработка со УЕФА тоа ќе го спроведеме до крај. Доколку тие се чувствуваат загрозено поради тоа и мислат дека со напади и разни инсинуации врз нас ќе не предомислат на тој пат, тогаш нивното размислување е тотално погрешно. Натпревари, клубови и имиња. Кога ќе дојде време, ќе ги објавиме”, изјави Масар Омерагиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
