
Тренерот на Лацио, Марко Барони, ги пофали своите играчи за победата со 1-2 против Викторија Плзен во Чешка во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа. Триумфот дојде во судиското продолжение, и тоа откако „орлите“ останаа со деветмина на теренот.
Токму поради тоа, Барони го истакна борбениот дух на својот тим, кој никогаш не се предава.
„Среќен сум за момците, ова беше тежок натпревар. Во одредени моменти го загубивме ритамот, а во второто полувреме ни падна интензитетот. Викторија Плзен е агресивен тим, кој игра со висок пресинг и напаѓа жестоко. Тие трчаат многу, па во некои делови од мечот ни беше тешко да ја контролираме топката. Токму затоа оваа победа е уште повредна. Тимот повторно покажа карактер и вистинска желба за победа. Ова е уште еден чекор кон нашиот напредок“, смета Барони.
„Победите секогаш го зголемуваат моралот и самодовербата. Но јас секогаш им велам на играчите дека истото важи и за добрата игра. Знаевме како да страдаме и да се браниме длабоко кога останавме со девет играчи. Тоа го направивме со добра организација, дух и пожртвуваност“, додаде стратегот.
„Мислам дека ова беше нашиот 19-ти гол сезонава постигнат во последните 15 минути или во судиското продолжение. Тоа е доказ дека тимот никогаш не престанува да верува и не се предава. Задоволен сум од головите на Исаксен оваа сезона, но не сум изненаден. Му требаше малку повеќе самодоверба, а јас му дадов поголема слобода, бидејќи сакам напаѓачите да преземаат ризици. Почнува да се претвора во клучен играч. Отсекогаш сум верувал дека е подготвен да експлодира. Мојата филозофија е дека секогаш треба да напаѓаме и да праќаме играчи во противничкиот шеснаесетник. Затоа ги оставив напаѓачите на теренот, дури и кога бевме со деветмина. Свесни сме дека имаме проблеми со прекините, но работиме на тоа и мора да пристапуваме со поголемо внимание“, заклучи Барони.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski