Connect with us

Скопското дерби меѓу Работнички и Вардар ќе се игра на стадионот на ФФМ, Шкендија гостува во Струга

Шампионот Струга Трим Лум се наоѓа во сериозна резултатска криза со четири последовни порази, а денеска ги очекува уште еден тежок предизвик – дуел со лидерот на табелата, Шкендија. Овој натпревар, кој се игра во рамките на 22. коло од Првата македонска фудбалска лига, ќе го означи крајот на вториот круг од сезоната. Без разлика на исходот, тимот од Тетово ќе остане на врвот, со оглед на предноста од пет бодови пред Силекс.

Струга, која веќе ги загуби шансите за одбрана на титулата, сега има само една опција за обезбедување европски фудбал – преку Купот на Македонија.

Во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски“, ќе се игра дербито меѓу Работнички и Вардар. Поради затворањето на Националната Арена „Тодор Проески“, натпреварот ќе се одигра на неутрален терен. Работнички моментно е на високото трето место, додека Вардар, кој ремизираше со Беса во претходното коло, падна на десеттата позиција и се бори за опстанок.

„Секој дуел меѓу Работнички и Вардар е дерби. Тоа е традиција која трае низ годините, иако секоја сезона амбициите на клубовите се менуваат. Јас вторпат сум во Работнички и добро знам дека тоа е посебен натпревар. Подготвени сме за надигрување, имаме респект за противникот и ќе сториме сѐ да стигнеме до триумф. Не е можно да очекуваш да почне еден дерби натпревар, а да не посакуваш да победиш“, изјави Анес Рушевиќ, напаѓачот на Работнички.

Силекс има незгодно гостување кај Беса, тим што се бори да остане во лигата. Беса е во серија од две ремија, додека Силекс во пролетниот дел има пораз, реми и една победа.

Гостивар ќе гостува кај АП Брера, која исто така е во борба за опстанок. Гостиварци се надеваат дека со триумф ќе се приклучат кон битката за врвот.


Во Битола ќе има директна пресметка за опстанок – Пелистер против Воска Спорт.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 22.КОЛО (денеска, 14 часот)

Работнички – Вардар


Струга ТЛ – Шкендија

Брера – Гостивар

Беса – Силекс

Пелистер – Воска Спорт

Тиквеш – Шкупи

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови