Лионел Меси доби одмор на гостувањето на Интер Мајами кај Хјустон Динамо, но неговиот тим сепак славеше со 4-1, остварувајќи ја првата победа во сезоната во МЛС лигата.
Неговото отсуство го надополни Луис Суарез, кој одигра еден од своите најдобри натпревари откако е член на Интер Мајами. Уругваецот асистираше за првите три гола, а одличната партија ја круниса со погодок во 79. минута, три минути пред да го напушти теренот како убедливо најдобар играч.
Два од останатите три гола реализира Сеговија, а еден Аљенде. Меси не играше поради тоа што во следните десетина дена Интер Мајами има три натпревари, од кои два во КОНКАКАФ Лигата на шампионите и еден во МЛС лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













