
Раководството на Вардар информираше јавно на официјалната веб-страница дека на адреса на клубот пристигната е фактура во износ од 2.500 евра како санкција за употреба на пиротехника на мечот со Шкупи од 14.коло.
Реакцијата на Вардар ја пренесуваме во целост:
„На сметка на АД ФК Вардар пристигнаа за наплата 153.750денари, како казна од страна на ФФМ за дивеење со пиротехника на неодговорни навивачи на натпреварот Вардар – Шкупи (14-то коло). На овој начин, таквото “навивање” директно ги оштетува фудбалерите на нашиот клуб. Како илустрација, за користење на целиот стадион за еден натпревар, плаќаме кон „АД за изградба и стопанисување со стамбен и деловен простор“ 145.258 денари. Тоа значи, дека пиротехниката прави еден натпревар двојно да биде поскап. На тој начин Вардар не се сака, туку се оштетува“, велат од ФК Вардар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
