
Македонскиот првак Струга Трим Лум во продолжение од сезоната ќе го предводи Илчо Ѓорѓиоски. Тој се договори со раководството на стружани да ја преземе улогата на шеф на стручниот штаб до крајот на сезоната. Негов прв асистент ќе биде Меритон Гега, кој го водеше составот на дуелот против Гостивар во четвртфиналето на Купот и забележа успех од 1-0.
Струга Трим Лум остана без тренер по оставката на Ќатип Османи, по двата порази на стартот на пролетниот дел од сезоната. Струга ТЛ загуби на гости против Гостивар (1-0) во Скопје, а потоа и на домашен терен (0-2) од Вардар.
Илчо Ѓорѓиоски ќе дебитира на клупата на Струга Трим Лум на гостувањето против Силекс во Кратово овој викенд.
Во текот на денот информацијата за ангажманот на Илчо Ѓорѓиоски треба да ја потврди и клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
