
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, ќе направи ротации за утрешниот натпревар против Лацио во четвртфиналето од Купот на Италија. Тој ќе се обиде да одмори некои од своите клучни играчи за дербито на врвот во Серија А против Наполи во сабота. Сепак, стратегот ќе се обиде да избере доволно силен состав кој ќе може да се справи со римјаните.
Се очекуваше јануарското засилување Никола Залевски да биде меѓу стартерите, но полскиот фудбалер заработил повреда на листот на тренинг и ќе го пропушти натпреварот. Јан Зомер, Маркус Турам, Карлос Аугусто и Хоакин Кореа сигурно нема да бидат во составот. Францускиот напаѓач се надева дека ќе се опорави за дуелот со Наполи.
Стефан Де Фрај најверојатно ќе го замени Франческо Ачерби, додека Јан Бисек се очекува да влезе во одбраната наместо Алесандро Бастони.
Пјотр Зиелински најверојатно ќе стартува наместо Хенрих Мхитарјан, а Давиде Фратези ќе биде во почетниот состав на местото на Николо Барела. Можно е Хакан Чалханоглу да започне од првата минута, откако беше резерва против Џенова. Во нападот, Марко Арнаутовиќ и Мехди Тареми се очекува да бидат стартери, додека Лаутаро Мартинез ќе остане на клупата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
