Фудбалерот на Фиорентина, Моисе Кин, беше отпуштен од болница откако вчера заработи повреда на главата за време на натпреварот против Верона.
Лекарите му дозволија во текот на ноќта да ја напушти болницата во Верона и да се врати во Фиренца. Сите медицински тестови биле негативни, а единствено ќе му остане лузна, се наведува во извештајот.
Неговиот тим ќе игра против Лече во петок, но Кин ќе одмора некое време како мерка на претпазливост.
Фиорентина во краток период се соочи со два сериозни здравствени проблеми. Прво колабираше Едуардо Бове против Интер, а сега се случи и ситуацијата со Моисе Кин… За среќа, двата случаи завршија со позитивен исход.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













