
Ријека го совлада Динамо Загреб со убедливи 4-0 на „Рујевица“ во 23. коло од првенството на Хрватска. Тимот на тренерот Радомир Џаловиќ славеше со головите на Наис Џуахра, Нино Јанковиќ, Дејан Петровиќ и Дује Чоп. Со оваа победа, Ријека ја задржа предноста од еден бод пред Хајдук и се оддалечи на седум бода од третопласираниот Динамо.
Капитенот на Динамо, Аријан Адеми, кој играше до 73. минута, даде изјава по натпреварот.
„Сè видовте. Заслужено нѐ победија. Се извинуваме на сите. Мораме да продолжиме многу подобро. Не очекуваат два големи натпревари, против Осијек во Купот и против Хајдук во ХНЛ, мораме да победиме по секоја цена“, изјави Адеми.
По натпреварот, фудбалерите на Динамо разговараа со своите навивачи на стадионот во Ријека, а на прашањето што им било кажано, Адеми рече дека тоа ќе остане меѓу нив.
Мартин Батурина го нарече поразот срамен, а Адеми се согласи со него.
„Мораме да се покриеме преку уши и да продолжиме. Мораме уште понапорно да работиме, нема предавање. Секоја година сме мотивирани да го освоиме првенството, така е и оваа. Можеби сме во нокдаун, но од него може да се кренеме“, дополни Адеми.
Динамо играше со играч помалку од 38. минута, бидејќи Вилфрид Канга доби два жолти картони во 30. и 38. минута.
„Секој натпревар мораме да бидеме енергетски уште подобри, тоа е клучот на сè. Сите знаеме да играме фудбал, но енергијата носи титули“, заклучи Адеми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
