
Рома одигра сигурно на домашен терен и со победа од 3-2 против Порто обезбеди место во осминафиналето на Лига Европа, каде што противникот ќе го дознае на утрешната ждрепка.
Натпреварот на „Олимпико“ беше отворен, но гостите не најдоа решение за Пауло Дибала, кој блескаше со два погодоци. Порто прв поведе преку Саму во 27. минута со спектакуларен погодок со ножички, но Рома брзо возврати – Дибала постигна два брзи гола во 35. и во 39. минута за пресврт.
Во вториот дел, работите станаа уште потешки за Порто кога Еустакио доби директен црвен картон. Рома ја искористи бројната предност и во 83. минута Писили зголеми на 3-1. Во самиот финиш гостите намалија и натпреварот заврши 3-2.
ФЦСБ славеше со 2-0 против грчкиот ПАОК на домашен терен и со две победи обезбеди пласман понатаму. Стрелци на головите беа Цисоти и Микулеску.
Галатасарај разочара пред своите навивачи, ремизирајќи 2-2 со АЗ Алкмар, што значеше елиминација од Лига Европа. Холандскиот тим поведе со голови на Маикума и Касиус, додека Галата израмни преку Осимен и Салаи, но тоа не беше доволно, бидејќи со вкупни 3-6 го заврши настапот во Европа.
Возбудливиот дуел меѓу Бодо Глимт и Твенте заврши 3-2, и се играат продолженија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Еберечи Езе доаѓа во Арсенал, Тотенхем „извиси“

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
