
Првиот голман на Интер, Јан Зомер, ќе мора да паузира неколку недели. Како што соопшти клубот, Зомер има пукнатина на коската на палецот, поради што ќе отсуствува до четири недели.
Во тој период, Интер ќе одигра неколку натпревари на три фронта – во Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите.
Сигурно е дека ќе го пропушти првиот натпревар од осминафиналето против ПСВ Ајндховен или Феенорд, како и дербито со Наполи во Серија А, дуелите со Џенова и Монца, како и натпреварот со Лацио во Купот.
Можно е да се врати за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите на 11 или 12 март, но поверојатно е дека ќе биде подготвен за дуелот со Аталанта, кој следува веднаш потоа.
Се очекува неговото место во меѓувреме да го заземе помалку познатиот Шпанец, Хосеп, кој летово пристигна од Џенова. Оваа сезона бранеше само во Купот на Италија против Удинезе, на 19 декември.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Прва лига
Муарем Муарем е нов тренер на Башкими

Интернационалци
Виктор Треневски ќе биде тренер на црногорски третолигаш

Евро-фудбал
Милан подготвува нов договор за Мајк Мењан

Евро-фудбал
Постекоглу ќе го преземе саудискиот Ал-Ахли?

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија
