
Напаѓачот на Њукасл, Александар Исак, се договорил со раководството на клубот околу својата иднина. Според каталонскиот „Спорт”, Швеѓанецот ќе може да замине ако „чавките“ не завршат во топ 4 и не обезбедат пласман во Лигата на шампионите.
Исак е во одлична форма оваа сезона, со 19 гола и пет асистенции во 29 натпревари во сите конкуренции. Ова не остана незабележано, па за него се интересираат неколку европски гиганти, вклучувајќи ги Барселона, Ливерпул, Челси и Арсенал.
Клубот поставил јасни услови. Ако не се пласираат во ЛШ, ќе го пуштат Исак доколку пристигне понуда над 100 милиони евра. Ако, сепак, избори пласман во ЛШ, Њукасл ќе се обиде да го задржи, а цената за потенцијален трансфер значително ќе се зголеми.
Во моментов, Њукасл е на шестата позиција, но само еден бод зад Манчестер Сити, кој го држи четвртото место.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski