
Барселона повторно се искачи на врвот во Ла Лига, но натпреварот против Рајо Ваљекано не помина без контроверзи. Ханси Флик одби да ја коментира спорната ситуација со поништениот гол на гостите, велејќи дека има доверба во ВАР и дека одлуката на судиите е конечна.
Германскиот стратег беше среќен поради освоените три бода, кои му овозможија на тимот да се врати на врвот на табелата.
„Бевме малку уморни, но се соочивме со силен противник. Важно е што ја завршивме работата и сите сме задоволни. Во добра серија сме, а победата е голем успех за нас“, изјави Флик.
Флик потврди дека Жул Кунде бил изоставен од составот поради дисциплински причини.
„Кунде задоцни и затоа не играше. Имаме правила и ова не треба да се повтори“, рече тој.
Барса продолжува со победничката низа, а Флик испраќа јасна порака за дисциплината во тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski