
Барселона ги искористи киксовите на Реал и на Атлетико и со триумфот од 1-0 против Рајо Ваљекано се врати на врвот на табелата во Ла Лига. Барса сега има 51 бод, исто колку и „кралскиот клуб“, но со подобра гол-разлика.
Барселона не одигра натпревар за паметење, но, сепак, успеа да стигне до триумф и три бода. Решавачки момент беше досудениот пенал во 28.минута, кога по сугестија од ВАР собата беше досудена најстрога казна за фаулот над Ињиго Мартинез, иако топката беше далеку од овие случувања.
Роберт Левандовски го реализираше пеналот, а тоа на крајот се покажа и конечен резултат на овој дуел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski