Connect with us

Најскапото промашување на Манчестер јунајтед е избран за најдобар играч на три меча по ред во Ла Лига

Изгледа дека Ентони конечно го пронајде своето најдобро издание во Бетис! Откако беше критикуван за слабите настапи во Манчестер Јунајтед, сега блеска во Ла Лига, освојува признанија и постигнува фантастични голови. Три пати прогласен за играч на натпреварот во три меча во шпанското првенство – тоа е сериозно враќање во форма.

Ентони, десното крило на Манчестер јунајтед, кој веќе три недели е на позајмица во Бетис, блеска и во својот четврти натпревар за новиот клуб. Беше прогласен за играч на натпреварот во двете претходни средби во Ла Лига, против Атлетик Билбао и Селта, а во вториот меч и постигна гол, а против Гент, во првиот натпревар од плеј-офот за нокаут-фазата во Конференциската лига, исто така постигна одличен гол во победата од 3-0.

Само три дена подоцна следеше уште еден негов прекрасен погодок, овојпат во триумфот од 3-0 против Реал Сосиедад во првенството. Ентони повторно беше прогласен за играч на натпреварот, што значи дека трипати во три негови настапи во Шпанија ја доби оваа награда.

„Марка“ имаше сано пофалби за Бразилецот.

„Топката одбиена на работ на шеснаесетникот стигна до Ентони, а овој неверојатен играч со волеј со надворешниот дел од стапалото ја испрати во мрежата. Трет гол во четири натпревари за талентираниот левоног играч, кој целосно оживеа во Бетис. Ентони не застана тука, туку до крајот асистираше и за последниот гол на неговиот тим“, напиша „Марка“.

Убавите зборови ги имаше и со „АС“.

„Ентони го скрши отпорот на Реал Сосиедад со маестрален гол. Со левата нога прекрасно го заби првиот гол за Бетис и со тоа ја заврши приказната за Реал Сосиедад, отворајќи пат за лесна победа на својот тим“, објави „АС“.

„ЕСПН“ потенцираше дека Ентони сега редовно ја добива наградата за најдобар ифрач на натпреварите.


„Три натпревари во Ла Лига, три награди за играч на натпреварот за Ентони. Неверојатно“, истакна „ЕСПН“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови