Баерн Минхен не дозволува лесно да остане без своите клучни играчи, а новиот спортски директор Макс Еберл има поинаков пристап кон преговорите.
По обновувањето на договорите на Алфонсо Дејвис и Џамал Мусијала, на ред е и еден од капитените, Џошуа Кимих.
Германецот во минатото беше поврзуван со ПСЖ, Ливерпул, Барселона и Реал Мадрид, но изгледа дека реши да остане во Минхен.
„Се наоѓаме во многу, многу добра позиција во преговорите со Кимих. Се надеваме дека неговиот потпис ќе биде нашиот следен завршен потег. Тој ќе биде капитен на Баерн кога Мануел Нојер ќе се повлече. Останува само да ја завршиме работата и да го ставиме потписот на договорот“, изјави Макс Еберл.
Сè уште не е познато до кога ќе биде продолжен договорот, но јасно е дека Кимих ќе остане еден од најплатените играчи на Баерн и најверојатно ќе ја заврши кариерата на „Алијанц Арена“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













