Манчестер Сити запиша сигурен триумф од 4-0 (3-0) против Њукасл Јунајтед во натпревар од 25. коло во Премиер лигата. Домашниот тим доминираше од самиот почеток, а блескава партија одигра новото засилување Омар Мармуш, кој постигна хет-трик во првото полувреме.
Египетскиот напаѓач ги затресе мрежите на противникот во 19., 27. и 33. минута, носејќи голема предност за „граѓаните“ пред паузата. Во второто полувреме, Манчестер Сити ја контролираше играта, а конечниот резултат го постави Џејмс Мекати со гол во 84. минута.
Со оваа победа, тимот на Пеп Гвардиола се искачи на четвртото место на табелата со 44 освоени бода, додека Њукасл остана на седмата позиција со три бода помалку.
На останатите натпревари се постигнати следните резултати:
- Фулам – Нотингем Форест 2-1
- Борнмут – Саутемптон 3-1
- Брентфорд – Вест Хем 1-0
- Астон Вила – Ипсвич Таун 1-1
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













