
Антонио Рудигер и Давид Алаба ќе бидат подготвени за реваншот против Манчестер Сити во нокаут-фазата од Лигата на шампионите. Оваа изненадувачка вест ја потврди тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, на прес-конференцијата пред утрешното гостување кај Осасуна во Ла Лига.
Брзото закрепнување на двајцата дефанзивци е вистинско чудо, бидејќи првичните прогнози велеа дека нема да бидат достапни за дуелот со „граѓаните“. На располагање за натпреварот од Лигата на шампионите следната среда ќе биде и Лукас Васкез, кој исто така го пропушти гостувањето на „Етихад“.
„Рудигер и Алаба се подобруваат и засега тренираат индивидуално, но во вторник ќе се приклучат на тренинзите со остатокот од тимот. Истото важи и за Васкез. Федерико Валверде ќе продолжи да игра како десен бек додека не се врати Лукас. Ми се допадна неговиот настап против Сити, а всушност и тој ужива на таа позиција“, изјави Анчелоти.
Тој исто така ги коментираше тврдењата дека Раул Асенсио може да биде стандарден стартер во Реал Мадрид, како и можноста Џуд Белингам да ја преземе капитенската лента.
„Во Реал Мадрид ништо не е загарантирано. Но, Асенсио покажува карактер против силни противници. Да, игра одлично и ќе се бори за место во стартниот состав. Белингам има индивидуалност и лидерски карактеристики. Тој е многу млад, но поседува сè што е потребно за да стане еден од лидерите на овој клуб“, додаде Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Млади репрезентации
Четири гола на Медин Емини, Македонија У16 ја победи Црна Гора со 5-0

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Евро-фудбал
Аталанта го купи Црногорецот Никола Крстовиќ

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
