Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, потврди дека повредата на Мануел Аканџи е сериозна. Дефанзивецот се здоби со повреда на адукторот за време на натпреварот против Реал Мадрид и ќе отсуствува од терените меѓу осум и десет седмици.
„Тој ќе има операција во сабота. Ќе отсуствува меѓу 8 и 10 недели. Му посакувам брзо закрепнување, бидејќи напорите што ги вложи оваа сезона се неверојатни. Тој и Нејтан Аке играа на тешки позиции. Имавме недостаток на играчи на таа позиција и неговото тело рече ‘доста’“, изјави Гвардиола.
Утре, „граѓаните“ го пречекуваат Њукасл во директна битка за место во топ 4, бидејќи двата тима имаат ист број бодови. Гвардиола призна дека тимот тешко го прифатил поразот од Реал Мадрид.
„Се опоравуваме од натпреварот со Реал Мадрид, гледаме напред. Часовите по натпреварот се тешки, следниот ден исто така, но потоа станува подобро. Денес е подобро од вчера, а утре ќе биде подобро од денес. Њукасл секогаш е опасен, откако Еди Хау го презеде тимот. Знаеме дека останатите екипи направија чекор напред, а ние чекор назад. Но, сега играме дома пред нашите навивачи и ќе се обидеме да победиме“, сподели менаџерот на Сити.
Шпанецот откри дека Џек Грилиш е неизвесен за натпреварот, како и Нико Гонзалес, кој се повреди пред една недела при своето деби.
Во однос на проблемите на тимот, Гвардиола изјави:
„Не е еден проблем. Ако беше така, ќе беше лесно да се реши. Секогаш сме се чувствувале комфорно кога ја поседуваме топката, но сега не сме. Во таква ситуација треба да се потпреме на физичко присуство, а ние не сме како останатите тимови во тој поглед“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













