Баерн Минхен официјално потврди дека договорот со клубот го продолжи германскиот репрезентативец Џамал Мусијала. Тој ќе остане во клубот до 30 јуни 2030 година.
Претседателот на клубот, Херберт Хајнер, изрази големо задоволство, за потписот на Мусијала.
„Луѓето доаѓаат на стадионот за играчи како Џамал Мусијала. Тој е навистина исклучителен фудбалер“, изјави Хајнер.
21-годишниот германски репрезентативец се приклучи на Баерн од академијата на Челси во 2019 година и брзо стана клучен играч за тимот.
Извршниот директор, Јан-Кристијан Дресен, е среќен затоа што Баерн Минхен ќе го задржи еден од своите најталентирани играчи и германски репрезентативец.
„И покрај неговата млада возраст, Јамал веќе е симбол на Баерн и ја претставува нашата филозофија ‘Mia san mia’ со својата радост во играта, тимскиот дух и врската со клубот“, изјави Дресен.
Според новиот договор, Мусијала ќе заработува 25 милиони евра годишно, а неговата отштетна клаузула ќе изнесува 175 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













