
Тренерот на Рома, Клаудио Раниери, беше исклучително лут по натпреварот против Порто во плејофот од Лига Европа. Дуелот на „До Драгао“ заврши 1-1, но стратегот на „волчицата“ не ја сокри својата фрустрација од одлуките на судијата Тобиас Штилер.
Според искусниот тренер, арбитарот на секој можен начин се обидувал да му помогне на Порто да победи.
Раниери изјави дека сакал да направи измена пред ситуацијата со израмнувачкиот гол, но не му било дозволено.
„Сигнализиравме дека ќе правиме измена. Асистентот на главниот судија знаеше за нашите намери. Дојдовме со намера да одиграме добар натпревар и да победиме. Игравме добро и сум задоволен од настапот на тимот“, изјави Раниери, по што продолжи со жесток напад на судијата.
„Не можам да разберам како е можно шефот на судиите во УЕФА, Роберто Росети, кој е извонредно чесен и достоен човек, да испрати судија кој секогаш ги фаворизира домашните екипи. Од 22 натпревари кои ги водел, гостинските тимови имаат девет нерешени резултати, а сите останати ги добиле домаќините“, истакна Раниери.
„Атмосферата беше вжештена, публиката свиркаше, а судијата се водеше по тоа. Зошто го назначивте за овој натпревар? Навистина не разбирам“, продолжи револтираниот стратег на „џалоросите“.
„Судијата шеташе наоколу и ветуваше картони на едни играчи, а им ги покажуваше на други. Според мене, едноставно чекаше нешто да се случи во нашиот шеснаесетник за да ја подари победата на противникот. Беше очигледно. Затоа и играчите се изнервираа“, објасни Раниери.
„Ги предупредив фудбалерите да не расправаат со судијата, бидејќи тој дејствува на ваков начин. Веројатно мисли дека си ја заврши работата добро, но осум жолти и еден црвен картон за нас… Немојте да ме сфатите погрешно, некои картони беа заслужени, но не можеш да ги изнервираш играчите уште од самиот почеток. Да, им кажав на момците да не го поздравуваат судијата. Не го заслужи тоа“, нагласи тренерот на Рома.
„Мразам да гледам играчи како викаат и се фаќаат за лицето како да биле удрени. ВАР треба да се користи и за да се казнуваат симулантите. Во спротивно, не знам како ќе играме фудбал. Некој ќе добие удар во стомакот, а ќе почне да вика и да се фаќа за лицето. Ова веќе не е фудбал!“, заврши Клаудио Раниери.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Млади репрезентации
Четири гола на Медин Емини, Македонија У16 ја победи Црна Гора со 5-0

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
