
ТСЦ Бачка Топола и Јагиелонија одиграа возбудлив прв плеј-оф натпревар од Конференциската лига, а македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше во почетниот состав на гостите од Полска, кои славеа со 1-3.
Српскиот тим прв поведе со голот на Ембунгу во 28. минута, но Јагиелонија брзо израмни преку Шпанецот Хесус Имаз само три минути подоцна.
Во второто полувреме, гостите од Полска беа поагресивни, но долго не успеваа да го материјализираат притисокот. Сепак, во 82. минута Палулу погоди за 1-2, а во самиот финиш Хесус Имаз го постигна својот втор гол на мечот за конечни 1-3. Дарко Чурлинов на теренот мина 70 минути.
Во другите мечеви од Конференциската лига, Викингур од Исланд направи сензација со победа од 2-1 против Панатинаикос. Молде остана со играч помалку и загуби дома од Шамрок Роверс (0-1), додека Целје и АПОЕЛ одиграа ефикасно реми (2-2).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс
