Раководството на Бетис ќе направи сè што е можно за да потпише постојан договор со напаѓачот Eнтони по завршувањето на сезоната. Во моментов, Бразилецот игра за „зелено-белите“ на позајмица до крајот на кампањата од Манчестер Јунајтед.
Антони падна во немилост кај новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Рубен Аморим и реши да го напушти „Олд Трафорд“. Бетис ја искористи можноста и дефинитивно доби големо засилување.
Во првите два натпревари досега, Eнтони имаше импресивни настапи. Постигна еден гол и асистираше за друг, а на еден од тие натпревари беше избран за играч на натпреварот.
Во Бетис се исклучително задоволни од неговите квалитети и веќе планираат првични разговори со Манчестер Јунајтед за откупување на неговиот договор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













