
Раководството на Манчестер Јунајтед постигнало договор да го позајми Кашемиро на Фламенго, при што клубот ќе продолжи да плаќа голем дел од неговата плата, тврдат бразилските медиуми. Трансферниот прозорец во Бразил затвора на 28 февруари, така што има време за финализирање на договорот.
32-годишниот поранешен играч на Реал Мадрид не е дел од плановите на менаџерот Рубен Аморим, а нема понуди за негов комплетен трансфер. Поради оваа причина, Манчестер Јунајтед се согласува и на ваква опција.
Кашемиро, кој има највисока плата во Манчестер Јунајтед, зема околу 350.000 фунти неделно, во тековната сезона одигра 24 натпревари во сите конкуренции за „црвените ѓаволи“. Сепак, по доаѓањето на Аморим беше неискористена резерва во девет од последните 11 натпревари во Премиер – лигата.
Бразилецот беше доведен од Реал Мадрид летото 2022 година за 60 милиони фунти, плус 10 милиони фунти во бонуси. Во последниот месец, Кашемиро беше поврзуван со можен трансфер во Саудиска Арабија и во Рома, но овие опции не се реализираа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
