Италијанскиот калчолигаш Монца одлучи да му даде отказ на тренерот Салваторе Бокети откако тимот оствари само една победа и шест порази во последните седум натпревари.
Убедливиот пораз од Лацио (5-1) синоќа, кој го остави тимот на дното на табелата во Серија А со само 13 бода, беше клучен за отказот.
Негова замена ќе биде Алесандро Неста, кој летоска пристигна во Монца, но доби отказ во декември. Раководството на клубот сфати дека направило грешка и реши да го врати на функцијата.
„Монца објавува дека го поништува отказот на Алесандро Неста, кој повторно ја презема улогата на тренер на првиот тим. Среќно, Алесандро“, стои во официјалното соопштение на клубот, кој е во сопственост на семејството на покојниот Силвио Берлускони.
Неста првиот пат го водеше тимот на 20 натпревари, но во Серија А имаше само една победа и седум ремија во 17 кола. Отпуштен беше на 23 декември, но сега, само 49 дена подоцна, се враќа на кормилото.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













