
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, зборуваше по ремито на неговиот тим против Удинезе во натпреварот од 24. коло на италијанската Серија А.
„Жалосно е што одигравме нерешено. Мислам дека заслуживме повеќе. Играта беше бавна во второто полувреме, но во првото создадовме многу шанси и ја контролиравме играта. Сепак, ако не ги искористиш своите можности, ќе имаш проблеми“, изјави Конте.
Загубените два бода му попречија на Наполи да се оддалечи на цели шест бодови пред најблискиот ривал Интер.
„Удинезе има многу силен тим со искусни играчи, за кои верувам дека наскоро ќе се преселат во големи клубови. Го направивме она што обично го правиме – игравме со висок пресинг, но тие имаат играчи како Лука (н.з. – висок 201 см), кој доминира во воздухот и секогаш е опасен“, додаде Конте.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
