Тренерот на Милан, Серџо Консеисао, призна дека презел ризик со офанзивниот пристап во второто полувреме од натпреварот против Емполи, кога неговиот тим привремено остана со играч помалку поради црвениот картон на дефанзивецот Фикајо Томори, пред да биде исклучен и противничкиот дефанзивец Лука Маријанучи.
На крајот, тактиката на португалскиот стратег се исплатеше, па „росонерите“ славеа на гостувањето со 0-2.
„Одбраната е еден од аспектите на кои работиме, иако немаме толку време колку што би сакал. Дефанзивната линија е важна за компактноста на тимот. Не сакаме да играме на вештачки офсајд, тоа не ми се допаѓа и може да ни создаде проблеми. Работиме доста на тие детали, кои се многу важни и за мене и за тимот. Црвениот картон на Томори? Во тој момент искушението беше да повлечам офанзивен играч и да воведам централен дефанзивец. Но, наместо тоа, го преместив Јунус Муса како десен бек и ги ставив Кајл Вокер со Страхиња Павловиќ во централната одбрана, додека Жоао Феликс го вратив малку поназад. Презедов ризик, затоа што сакав да победам. Нерешен резултат во клуб како Милан за мене е загуба на два бода. Ја завршивме работата и се вративме со трите бодови“, истакна тренерот на Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













